Search

Радман најави укинување на американските визи за Хрватите

– САД треба да ги укинат визите за Хрватите до крајот на годинава, а двете држави ќе потпишат договор за избегнувње двојно оданочување, изјави во Минхен хрватскиот министер за надворешни работи и европски прашања Гордан Грлиќ Радман.

Хрватска, Романија, Бугарија и Кипар се единствените членки на ЕУ на кои САД се уште не им ги укинале визите. Полска беше исклучена од визниот режим кон крајот на минатата година.

Радман се состана со американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Минхен и по средбата истакна дека и визите и двојното оданочување треба да бидат решени до крајот на годината.

– Ние ги исполнивме сите (услови) и ова е актуелно прашање. Тоа е во интерес и на хрватските и на американските бизнисмени, истакна Грлиќ Радман пред новинарите.

Треба да знаете
Последни објави