Search

Почна да ја „освојува“ Шпанија: Димитриевски избран во идеалниот тим на колото во Ла Лига

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски беше избран во идеалниот тим на 14. коло во Ла Лига.

Димитриевски беше еден од најзаслужните што неговиот Рајо Ваљекано стигна до важна победа против тимот на Еибар и сосема заслужено за прв пат во кариерата се најде во идеалниот тим на Ла Лига.

Покрај Димитриевски во идеалниот тим на Ла Лига се најдоа и Алекс Морено, Жуниор, Жерард Пике, Чема, Виторињо Антуњес, Лукас Васкез, Хозе Кампања, Оскар Родригез, Јаго Аспас, Гвидо Кариљо.

Треба да знаете
Последни објави