Search

Нурмагомедов го победи Порие и ја одбрани титулата

Рускиот борец од Дагестан, Хабиб Нурмагомедов ја одбрани титулата на УФЦ-шампион во лесна категорија и стигна до 28. победа од исто толку борби. Тој синоќа во Абу Даби го совлада Дастин Порие во третата рунда. Хабиб од самиот почеток тргна жестоко во битката, па го фрли Американецот на подот, но тој добро се бранеше.

Порие добро ја почна втората рунда, па го погоди Хабиб неколку пати, но набрзо повторно го фрли на подот, кадешто имаше целосна контрола и доминација, која му донесе бодови.

Настанот помина без инциденти, за разлика  од последната борба со Конор Мекгрегор, по која ситуацијата ескалираше, па тој заработи и деветмесечна суспензија.

 

Треба да знаете
Последни објави