Search

Русин избодел двајца Украинци во Германија

Русин е уапсен под сомнение дека со нож убил двајца Украинци во германскиот град Мурнау.

Киев Индипендент јавува дека ова злосторство се случило во саботата.

Германската полиција соопшти дека мажите на возраст од 23 и 36 години биле пронајдени со убодни рани по телото во реонот на трговскиот центар. Се наведува дека еден од нив поради тежината на повредите веднаш починал таму, додека другиот синоќа починал во болница.

Осомничениот, 57-годишен државјанин на Русија, е уапсен во неговиот дом, соопшти полицијата. Обвинителите побараа осомничениот да биде задржан во притвор во текот на истрагата.

Треба да знаете
Последни објави