Search

Наполи одбиле понуда од 55 милиони евра за Алан

Италијанските медиуми пренесуваат дека Атлетико Мадрид испратиле понуда до Наполи за услугите на Алан, меѓутоа Наполитанците веднаш ја одбиле.

Ова не е прв пат Наполи да одбива понуда за Алан, а италијанските медиуми потсетуваат дека неодамна Аурелио Де Лаурентис одби понуда и од париски ПСЖ.

Диего Симеоне бил заинтересиран за Алан со оглед на тоа што неодамна остана без Родри кој се пресели во Манчестер Сити, но се чини дека неговата желба нема да биде исполнета.

Сега останува да видиме дали Атлетико Мадрид ќе испрати нова подобрена понуда на адреса на италијанскиот клуб и дали Наполи ќе ја прифати.

Треба да знаете
Последни објави