Search

Лотито испрати порака и го предупреди Јувентус за двоецот на Лацио

Италијанскиот шампион Јувентус во изминативе денови се побрзува со двајца членови на Лацио, тренерот Симоне Инѕаги и српскиот репрезентативец Сергеј-Милинковиќ Савиќ.

Медиумите говорат дека постои можност двајцата од следната година да ги гледаме во клубот од Торино, но за да се случи тоа „бјанконерите“ ќе мора да седнат на маса во претседателот на тимот од Рим, Клаудио Лотито кој е познат како тежок преговарач. Лотито веќе и испрати една директна порака до првакот во која навести жестока битка за двоецот кој за него има навистина посебно значање.

-Покрај тоа што ќе го каже пазарот, Милинковиќ е еден од скапоценостите на круната на овој клуб. Тој беше прогласен за најдобар играч од средниот ред во лигата и уживаше во експоненцијалниот раст. Инѕаги ја претставува историјата на овој клуб. Има голем потенцијал. Тој прво беше играч и никогаш нема да заборавам кога му се приклучив на клубот, тој истапи и се стави во позиција да преговара за договорот иако немаше потреба за тоа. Се обврзав дека еден ден ќе биде наш тренер, бидејќи секогаш беше играч со визија, референтна точка. Се освои сам, освои се на младинско ниво и полека се појавуваше. По тој пат го водам и Томасо Роки: само што го освоу шампионатот до 14 години со победата од 3:0 над Рома. Ќе го донесам на ниво, -порача Лотито.

Треба да знаете
Последни објави