Search

Ибрахимовиќ за Роналдо: Не е предизвик да го избереш Јувентус

Златан Ибрахимовиќ уште еднаш се надоврза на неговите коментари за Кристијано Роналдо и одлуката да се пресели во Јувентус.

Швеѓанецот уште еднаш нагласи дека не е никаков предизвик да играш во Јувентус.

„Не реков дека Роналдо не е одличен играч, туку реков дека не е никаков предизвик да го избереш Јувентус. Не е предизвик да играш за еден од најдобрите клубови. За мене предизвик е да заминете во екипа која ќе ја подигнете на повисоко ниво. Тоа е предизвик“, изјави Златан Ибрахимовиќ и додаде:

„Во секој случај, тоа е одличен трансфер за италијанскиот фудбал, затоа што благодарение на него, Серија А е повторно во центарот на случувањата, а тоа е мојот втор дом“, изјави Златан Ибрахимовиќ.

Треба да знаете
Последни објави