Жоао Феликс е новата ѕвезда во португалскиот фудбал. Домашните медиуми го нарекуваат најголемиот талент што се родил во земјата по Кристијано Роналдо.

Му дадоа прекар „ураганот Феликс“ откако на 25 август, 2018 година, младиот играч на Бенфика во натпревар со Спортинг се запиша во фудбалската историја како најмладиот играч кој постигнал погодок во лисабонско дерби.

Летово, четири и пол месеци пред неговиот 19-ти роденден, Феликс беше унапреден во првата постава. На позицијата офанзивен играч за врска, како и на крилни позиции, во 21 натпревар во сезоната постигна осум голови и три асистенции. Минутажата му се дозираше соодветно на возраста.

На минатонеделниот натпревар со Боависта во публиката имаше скаути на Барселона, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд и Манчестер Јунајтед дојдени со намера да направат проценка на квалитетите на Феликс.

Во тие 90 минути „ураганот“ се истакна со еден гол и една асистенција.

Медиумите тврдат дека интерес за Феликс изразиле и Реал Мадрид, ПСЖ, Милан, Вестхем, Монако, Јувентус и Баерн Минхен.

Бенфика, според португалските медиуми, во јануари примила и одбила понуда од 60 милиони евра за Феликс од неидентификуван англиски клуб. Веднаш потоа му била зголемена платата на Феликс, а во договорот што му важи до 2023 година е додадена откупна клаузула од 1 милион евра.

„Потенцијалот на Феликс се споредува со оној на Килијан Мбапе. Во Португалија го споредуваат со Кристијано Роналдо. Реал Мадрид се надева дека летово ќе може да ја победи конкуренцијта за разноврсниот напаѓач“, пишува угледниот медиум.