Search

Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар прват се одбележува како државен празник

Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар денеска првпат се одбележува како државен празник, и тоа во посебни услови поради пандемијата на коронавирусот.

Хрватските медиуми јавуваат дека Колоната на сеќавање, која тргна од вуковарската болница веќе се движи во улиците во градот, а ќе заврши кај Меморијалните гробишта на жртвите од хрватската Татковинска војна.

Локалните медиуми јавуваат дека засега е тешко во целост да се почитуваат епидемиолошките мерки, затоа што во колоната досега веќе има околу осум илјади луѓе, иако беше ограничена на 500, а уште луѓе се приклучуваат по пат.

По повод Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар, комесарката за човекови права на Советот на Европа Дуња Мијатовиќ денеска повика на отворање полициски и воени архиви со цел да се решат случаите на исчезнатите лица.

– Додека се присетуваме на жртвите на Вуковар, моите мисли се со семејствата на стотици од оние кои сè уште се водат како исчезнати. Тие заслужуваат вистина и правда, изјави денеска Дуња Мијатовиќ.

– Потребни се повеќе национални и регионални напори за решавање на постојните случаи на исчезнати лица, вклучително и отворање полициски и воени архиви, додаде таа.

По борбите во 1991 година,  на списокот на заробени и исчезнати лица има уште 386, кои се водат за исчезнати во Вуковар.

Треба да знаете
Последни објави