Skip to main content
Скопје

Град Скопје: Три години советниците на ВМРО-ДПМНЕ ги блокираат буџетите на ЈСП

15/11/2024  16:23

Интегрален текст од соопштение за јавност на Град Скопје

Жално е што причинителите на голготата на граѓаните на градот Скопје со јавниот превоз, зборуваат за тоа како на нив им било жал за граѓаните. 

Три години советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да одобрат набавка на 250 нови автобуси. Три години советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да гласаат за спроведување на проектот БРТ со кој Скопје ќе добие 50 нови автобуси, бесплатно. 

Три години, советниците на ВМРО-ДПМНЕ ги блокираат буџетите и програмите за работа на ЈСП. 

ВМРО-ДПМНЕ и владата предводена од Христијан Мицкоски одби да набави нови автобуси, иако предложивме средствата за набавка на нови автобуси да ги префрли градот Скопје на Владата, а тие да ги набават автобусите. 

Три години, скопјани се жртви на секташкиот партиски менталитет на ВМРО-ДПМНЕ и нивните наводни душегрижници. Луѓе одвоени од реалноста, манипулатори и лажговци.