Search

Хрватски морнар повреден во експлозијата во Бејрут, се чувствува добро по операцијата

Хрватски државјанин е повреден во експлозијата на магацините на амониум нитрат во Бејрут, соопшти Министерството за надворешни работи и европски работи (МВЕП).

„Во моментот на експлозијата, во Бејрут имало 11 хрватски морнари, од кои едниот е полесно повреден. Засега нема официјални податоци дека некој од хрватските граѓани смртно настрадал“, одговори МВЕ.

Станува збор за морнарот Бранко Перошевиќ, кого го оперирале и е добро, како и другите 10 морнари од бродот „Сити оф Рома“.
Готвачот од Славонија кој бил подложен на операција на раката и ногата упатил порака на благодарност до лекарите, болничкиот персонал и почесниот конзул во Бејрут, пренесува ХРТ.

„Сè е коректно и се чувствувам подобро. Мојата операција траеше четири часа и помина добро“, рече Перошевиќ.

Транспортниот брод „Сити оф Рома“ е специјализиран за превоз на возила и впловил во пристаништето во Бејрут шест часа пред експлозијата. Бродот, кој требало да се продаде наскоро, претрпе значителна штета и во тек е процена на штетата.

Поради воведување вонредна состојба во Бејрут, враќањето на хрватските морнари планирано за 11 август е продолжено до 21 август.

Треба да знаете
Последни објави