Search

Осомничени за убиството на двегодишната Данка се испратени на психијатриско вештачење во Белград

Двајцата осомничени Срѓан Ј и Дејан Д, за убиството на двегодишната Данка Илиќ од Бор се испратени во Белград на психијатриско вештачење. Срѓан Ј и Дејан Д., од притворот во Заечар се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, дознава Танјуг. Вештачењето се врши за да се утврди дали тие биле здрави во моментот на извршување на кривичното дело, односно дали биле свесни за своето дело и за последиците. Двегодишната Данка исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а полицијата по 10-дневна потрага ги уапси Срѓан Ј. и Драган Д. од Бор. Тие со службено возило го удриле детето, eдниот од нив го задавил и потоа телото го фрлиле на депонија, по што го преместувале и до ден денес не е најдено. 

Треба да знаете
Последни објави