Search

Ново одложување на гласањето во ОН за резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Генералното собрание на Обединетите нации кое требаше да гласа за резолуцијата за геноцидот во Сребреница на 2 мај е одложено, пренесува Н1.
Оваа информација за Н1 телевизија ја потврдил амбасадорот на Босна и Херцеговина во ОН, Златко Лагумџија. -Во овој момент знаеме дека седницата нема да се одржи на 2 мај, бидејќи денеска го испраќаме текстот на резолуцијата на ревизија доколку земјите членки на ОН имаат други предлози за текстот. Генералното собрание ќе се одржи по 6 мај, во зависност од распоредот на седниците што ќе го знаеме во вторник, соопштил Лагумџија. Ова е втор пат да се одложи гласањето за резолуцијата за геноцидот во Сребреница – првиот пат требаше да се гласа на 27 април, потоа на 2 мај.

Треба да знаете
Последни објави