Search

Турскиот Врховен суд најверојатно ќе одобри пренамена на Света Софија

Турскиот Врховен суд најверојатно утре ќе донесе одлука дека пренамената на црквата Света Софија во Истанбул во музеј во 1934 година било незаконско, изјавија двајца неименувани официјални претставници. Ако судот донесе таква одлука, тогаш се трасира патот Света Софија да се пренамени во џамија.

Света Софија беше најголемата христијанска црква, изградена во шести век од Византијците, а во џамија беше претворена по османлиското освојување на Цариград, денешен Истанбул, во 1453 година. Статусот од верски објект во музеј беше променет со указ во 1934 година од тогашниот турски претседател Мустафа Кемал Ататурк.

Пред минатогодишните избори претседателот Реџеп Тајип Ердоган ја најави можноста Света Софија да се пренамени во џамија. Религиозните фанатици веќе долго време бараа ова Светско културно наследство на УНЕСКО повторно да се претвори во џамија. Додека противниците на пренамената на Света Софија оценуваат дека актуелниот музејски статус е симболна секуларниот Устав на Турција.

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу претходно изјави дека статусот на Света Софија е прашање на националниот суверенитет.

Турските планови за Света Софија не наидоа на одобрување од САД, Русија, Грција и црковните власти.

Вселенскиот партијарх Вартоломеј, духовен лидер на околу 300 милиони православни христијани, чие седиште е во Истанбул, изјави дека пренамената на Света Софија во џамија ќе ги разочара христијаните и ќе предизвика раздор помеѓу истокот и западот.

Треба да знаете
Последни објави