Skip to main content
Спорт

Срам за македонскиот спорт во купот на Македонија, си постигнуваа автоголови!

09/11/2024  22:58

Натпреварот помеѓу екипите на Скопје и Гевгелија во рамките на Купот на Македонија во женска конкуренција остави публиката во неверување и го одбележа скандалозна сцена која ретко се гледа на македонските спортски терени. Во последните пет минути од средбата, двете екипи почнаа да си постигнуваат автоголови и намерно да избегнуваат да дадат голови во мрежата на противникот, што создаде целосна конфузија и меѓу публиката и меѓу судиите.