Skip to main content
Спорт

Срам за македонскиот спорт во купот на Македонија, си постигнуваа автоголови!

09/11/2024  22:58

Натпреварот помеѓу екипите на Скопје и Гевгелија во рамките на Купот на Македонија во женска конкуренција остави публиката во неверување и го одбележа скандалозна сцена која ретко се гледа на македонските спортски терени. Во последните пет минути од средбата, двете екипи почнаа да си постигнуваат автоголови и намерно да избегнуваат да дадат голови во мрежата на противникот, што создаде целосна конфузија и меѓу публиката и меѓу судиите.

Ова однесување, кое го поставува спротивниот пример на спортски дух и фер-плеј, ги загрижи љубителите на спортот и ја покрена дилемата за натамошната контрола и дисциплински мерки кои треба да се преземат во вакви ситуации. За македонскиот спорт, кој е пример за многу млади генерации, ваквите инциденти фрлаат сенка на интегритетот и спортската чесност и укажуваат на потребата од поголема контрола и санкции за однесувања кои ги поткопуваат основните вредности на спортот.