Search

Полицајци ги кодошат инспекторите дека доаѓаат во контрола на журки

Наместо да соработуваат со инспекторите на Државниот пазарен инспекторат, полицајци им дојавувале на газдите на кафулињата дека инспекцијата доаѓа за да се затвори кафулето или дискотеката и на тој начин да се избегне казната од 2.000 евра која следува за секој трговски објект што ќе организира забава без протокол, за „Слободен печат”  тврди Стојко Пауновски, директор на инспекторатот.

-Ние испративме инспектори во ноќниот бар „Калипсо“ во Прилеп, но додека дошле, некој им дојавил дека доаѓаме и тие затвориле и си отишле. Некогаш и полицајците им кажуваат, зашто полицајци или се содружници, или се сопственици, а друг им е управител во нивните објекти и тоа најмногу се случува во Тетово и Гостивар, изјави Пауновски за Слободен печат.

 

Полицијата, како што тврди Пауновски, има поголеми ресурси и капацитети да ги разбива организираните прослави кои земаат голем замав овие денови, особено свадбите што се случуваат во изнајмени куќи, приватни вили, во викендици и на приватен имот.

На вакви места, пазарниот инспекторат нема буквално никакви ингеренции да влезе и да санкционира, како што тоа може да го направи во угостителските објекти, како рестораните, кафулињата и дискотеките.

Треба да знаете
Последни објави