Search

Нема плаќање на сметки и уплатници во Македонска Пошта поради Еуростандард банка

Од денес нема можност да плаќаат сметки и уплатници во Македонска пошта поради затварањето на Еуростандард банка. Утрово репортер од 24 инфо се обиде да плати уплатница во една од експозитурите на Македонска пошта, но од таму ни рекоа дека ваква можност не постои. Укинувањето на платниот промет преку пошта го потврди и Гувернеркатана НБРМ Анита Ангеловска Бежовска. Таа остави простор во наредниот период Мкедонска пошта да склуши договор со друга банка и да продолжи да прави уплати. Од Пошти не добивме никакво официјално соопштение до кога нема да може да се прави платен промет преку нивните експозитури.

Инаку Народната банка вчера ја затвори банката Еуростандард АД Скопје поради неисполнување минимални законски услови за работење. Како што соопшти гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, затворањето на Банката воопшто нема да ја доведе во прашање стабилноста на банкарскиот систем, а сите депозити на штедачите ќе бидат исплатени во рамки на законските рокови. За денес се очекува НБРМ утре ќе се достави предлог до надлежниот суд за отворање стечајна постака во Еуростандард банка.

Согласно состојбата до 31 јули 2020 година, обесштетени ќе бидат 136.619 депоненти или 99,4 отсто со вкупно 4,4 милијарди денари. Останатите 780 депоненти нема да бидат обесштетени или нема да бидат обесштетни во целост зашто ќе се покриваат само сумите во банката до 30.000 евра.

Во изминатиот период заради ризици во работењето Еуростандард банка била под засилен супервизорски надзор. НБ постојано и изрекувала мерки и го засилувала интензтетот на супервизијата за да се отстранат слабостите. Воспоставени и биле и ограничувања на кредитната активност. Дозволено и било кредитирање единствено на клиенти со ризик А и Б, а имала и построг дозволен лимит за поединчена изложеност кон клинетите, поставен на пет проценти од сопствените средства наспроти законскиот лимит од 25 отсто.

Во Еуростандард банка АД Скопје работеле околу 170 лица. Гувернерката изрази надеж дека тие ќе бидат апсорбирани од останатите банки зашто се работи за квалитетен кадар.

(В.А.)

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави