Search

Милошоски:„Моќник“ е неоснован и политички монтиран случај

„Моќник“ е неоснован и политички монтиран, изјави за новинарите пратеникот Антонио Милошоски, eден од обвинентите во случајот по одложеното рочиште, денска во Кривичниот суд.

Деновиве ги известив и поканив овој предмет да го следат “Коалицијата за правично судење”, Мисијата на ОБСЕ и Мисијата на ЕУ, со цел самите да се уверат дека се работи за арбитререн правно неоснован и политички мотивиран случај. Обвинителниот акт е компромитиран по два основи, прво истрагата ја почнала специјалната обвинителка Катица Јанва, која се занимавала со рекетирање, а продолжена е од нејзината другарка Фетаи, за која Државниот завод за ревизија утврди дека незаконски земала надоместок од 87.000 евра од СЈО. Свесен сум дека дел од обвинителството е под директна контрола на власта и затоа очекувам тие да го користат аргументот на силата, но одбраната со силата на аргументите ќе докаже дека случајот е правно неиздржан и има политичка димензија и цел, рече Милошоски.

Треба да знаете
Последни објави