Skip to main content
Македонија

Лукарски на поткаст ЗРАК: Медицинските физичари се уште се третираат како медицински соработници

15/12/2024  21:37

Во поткастот ЗРАК со д-р Марина зборуваше и медицинскиот физичар и доцент, Душко Лукарски кој изнесе детали околу професијата медицински физичар во Македонија, истакнувајќи дека во нашата земја има интерес од младите да се изучува оваа наука. 

Лукарски изнесе и забелешки за третманот на медицинските физичари во македонското здравство.

„Не е дека нема физичари има и заинтересирани се за медицинска физика, но за жал бидејќи сме многу малку секогаш не забораваат и ние сме една од ретките земји каде ние медицинските физичари се само медицински соработници“ заклучи тој.