Search

Дончиќ може да добие спонзорски договор вреден една милијарда долари !

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ иако има само 23 години веќе важи за еден од најдобрите играчи во НБА-лигата каде втора сезона го носи дресот на Далас. Тоа го видоа најпознати фирми за производство на спортска опрема и веќе во трка кој да го придобие да стане заштитно лице на нивните брендови.

Во моментов најблиску до спонзорски договор со кошаркарот на Далас е компанијата „Андер армор“. Овој спортски бренд во Дончиќ гледа идеална личност за заштитно лице при обидот целосно да се освои европскиот пазар. Според медиумите првите луѓе на „Андер армор“ подготвуваат нестварна понуда од околу милијарда евра, за договор со Словенецот кој би траел најмалку една деценија.

Оваа сума делува огромна со оглед што Дончиќ сѐ уште нема освоено ништо во НБА, но ако договорот се оствари тој би влегол во друштво на најголемите спортски величини како Мајкл Џордан, Леброн Џејмс, Кристијано Роналдо и Роже Федерер, кои заработуваат најмногу од ваков вид спонзорство.

Убедливо најплатен е легендарниот Џордан, кој само во 2019 година ќе заработи скоро 200 милиони долари од договорот со „Најк“.

Треба да знаете
Последни објави