Search

Ѓоковиќ се раздели со уште еден тренер од својот тим

Првиот светски тениски рекет, Србионот Новак Ѓоковиќ по неодамнешната разделба со тренерот Горан Иванишевиќ одлучи да направи уште една рокада во стручниот штаб. Најдобриот тенисер околи полноќ на социјалните мержи обелодени дека се разделува со Италијанецот Марко Паники со кога соработуваа речиси цела деценија и ги остваруваше најголемите успеси во кариерата. -Гранде Марко, какви неверојатни години соработка имавме заедно. Стигнавме до врвот, освојувавме титули, уривавме рекорди. Сепак, најмногу од се уживав во најобичните денови на тренинзи во теретаната или надвор од неа. Бескрајни часови „карциофини“ и смеење поради кои се чувствував супермотивиран да се подготвам за успех. Грацие Романиста (како што Горан те нарекува) за сета енергија, труд и време што ги вложи да ме направиш најдобар можен играч и личност што можам да бидам. Ти испраќам многу љубов и се гледаме наскоро во Рим, напиша Ѓоковиќ на својот инстаграм-профил.

Треба да знаете
Последни објави