Search

Шкендија ги искористи киксовите на Струга и Шкупи да им се придружи на врвот

Во прекуредното 30. коло од прволигашката фудбалска конкуренција на Македонија актуелниот шампион Струга ТЛ загуби на гостувањето кај Тиквеш (3:2), а Шкупи кај Гостивар (2:0). Киксовите на конкурентите ги искористи Шкендија кој со резултатски пресврт пред своите гледачи ја совлада АП Брера (3:2) и се врати како ко-лидер на табелата во трката за титулата.

Значајни гостински победи за бекство од опасната зона забележаа Работнички на гостувањето кај Силекс (0:1), Вардар кај Брегалница (0:3) и Воска спорт кај Македонија ЃП (0:2).

Во Кавадарци по првото полувреме водеше Тиквеш со голот на Мојсов во 32 минута. Следуваа два погодоци на Ибраими со кои Струга ТЛ направи пресврт во 63 и 77 минута, овој вториот од пенал. Тиквеш израмни во 82 минута преку Стојкоски, а конечниот епилог го постави Луан Силва во 94 минута.

Еден од кандидатите за шампионската титула сезонава Шкупи беше непријатно изненаден во Гостивар (2:0). Домашниот состав дојде до бодовитесо погодоците на Кировски (62`) и Кехинде (97`). Шкендија повторно е во трка титулата откако со пресврт ги освои бодовите прптив АП Брера (3:2). Струмичкиот лигаш поведе со 1:0 со голот на Ивковиќ во 16 минута, а во 68 минута гостите постигнаа уште еден гол преку Цветаноски, но на крајот беа поразени. Тетовските „црвено-црни“ во финишот од средбата, во 77 минута намалија преку Адеми, па во 87 минута израмни Цаке, а во 94 минута голема радост на домашните навивачи донесе Аганспахиќ.

Вардар дојде до битна победа во трката за опстанок, како гостин со 3:0 ја надигра Брегалница од Штип со погодоците на Шушњара, Дошев и Николовски. Работнички запиша нов триумф сезонава против Силекс во Кратово (1:0), а за скопскиот клуб бодови донесе Али Регба кој беше прецизен од белата точка.

Брегалница Штип – Вардар 0:3
Гостивар – Шкупи 2:0
Македонија ЃП – Воска Спорт 0:2
Шкендија – Брера Струмица 3:2
Силекс – Работнички 0:1
Тиквеш – Струга 3:2

Табела: Шкендија 58 бодови, Струга 58, Шкупи 58, Тиквеш 42, Силекс 41, Гостивар 40, Работнички 38, Брера Струмица 37, Воска Спорт 37, Вардар 32, Македонија ЃП 26, Брегалница Штип 26.

Треба да знаете
Последни објави