Skip to main content
Македонија

Зимата се враќа: Од утре снег на повеќе места

07/01/2026  09:35

Метео анализа на Славчо Попоски:

Помала снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри ќе се формира  и во дел од пониските места (градови) во западна Македонија. Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од јужен, југозападен, западен а потоа и од северен и од северозападен правец. Температурите од четврток 8 Јануари 2026 значително ќе опаднат  и  тие повторно ќе бидат зимски.

И во Скопје  и околината  особено во повисоките предели од котлината  и на околните планини во четврток на 8 Јануари 2026 ќе има услови за послаби врнежи од снег проследени со повремено засилен ветер од северен правец.