Skip to main content
Македонија

Жители на Кочани за бугарски медиум: Во дискотеката Пулс се продаваше и дрога

21/03/2025  14:14

Жители на Кочани тврдат дека во дискотеката Пулс каде избувна страшен пожар работела нелегално, а внатре се продавала дури и дрога, објави бугарска НОВА.

„Јас сум против дискотеките да работат цела ноќ. Се знаеше дека таму се продаваше дрога“, објаснува друг жител на градот.

Македонската полиција во последните неколку часа ги уапси поранешните градоначалници на Кочани – Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ, Николчо Илиев од СДСМ, како и Лупчо Папазов, исто така од ВМРО-ДПМНЕ, кој поднесе оставка по трагедијата.