Skip to main content
Хроника

Страшна сообраќајка во Кочани: Се преврте возило на АРМ, едно лице е тешко повредено (ФОТО)

21/03/2025  14:19

Едно лице е потешко повредено во сообраќајна незгода што се случи кај надвозникот кај Соколарци на експресниот пат Штип – Кочани. Во сообраќајната несреќа едно возило на АРМ се превртело на коловозот.

Повредениот од болницата во Кочани е префрлен во болницата во Штип.

Поради сообраќајна несреќа што се случила околу 13 часот во прекин е сообраќајот за сите возила, а сообраќајот се пренасочува по локалниот патен правец од Соколарци кон Кочани и обратно.