Skip to main content
Свет

Зеленски: Украинските власти презедоа акција против „предавниците“

19/01/2025  11:01

Украинските власти презедоа акција против „предавниците“, изјави синоќа претседателот Володимир Зеленски во вечерното обраќање, цитиран од ДПА.

-Украинските агенции за спроведување на законот исто така се покажаа многу добри: Службата за безбедност на Украина (СБУ), Државното биро за истраги, Националната полиција и нашето обвинителство. Ние се спротивставуваме на предавниците и различните шеми кои ја ослабнаа нашата држава и украинското општество. И секој кој стои против Украина или не ги почитува законите на Украина треба да запомни дека ќе одговара, рече Зеленски.

Сепак, украинскиот претседател не соопшти никакви детали, забележува ДПА.