Skip to main content
Свет

Зеленски: Путин се плаши да му каже на Трамп дека сака да продолжи оваа војна

13/03/2025  21:29

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли реакцијата на рускиот претседател Владимир Путин за предлогот за прекин на огнот, нарекувајќи ја „многу предвидлива“ и „многу манипулативна“.

Во своето вечерно обраќање, Зеленски изјави дека Путин подготвува одбивање на предлогот за примирје, јави Скај Њуз.

– Путин, се разбира, се плаши директно да му каже на претседателот (на САД Доналд) Трамп дека сака да ја продолжи оваа војна, дека сака да убива Украинци, рече Зеленски.

– Затоа во Москва ја врамуваат идејата за молчење со такви предуслови за ништо да не се случи или да се случи што е можно подолго.

Тој додаде дека Украина не поставува услови што ја комплицираат ситуацијата, додека Русија тоа постојано го прави.

– Како што отсекогаш сме велеле, единствената што ќе ги одолговлекува работите, единствената што нема да биде конструктивна, е Русија, истакна Зеленски.

– Тие сакаат војна. Путин украде години мир и продолжува со оваа војна – ден по ден, вели тој.

Украинскиот претседател заврши со повик до сојузниците да извршат поголем притисок врз Путин и да воведат дополнителни санкции против Русија.