
Фудбалската федерација на Македонија го осветли и освежи Градскиот стадион! Новото раководство на Куќата на фудбалот посветено работи на подобрување на состојбата на Националната арена, започнувајќи со детално чистење и освежување на трибините.
„Секое столче, секој агол. Националната арена во полн сјај! ФФМ ги светна столчињата, ги исчисти трибините, го средува теренот… промените се случуваат,“ соопшти ФФМ.
Ова е само првиот чекор во плановите за подобрување на условите на најголемиот фудбалски стадион во земјата, со цел да се создаде подобро искуство за играчите и навивачите.