Skip to main content
Македонија

Заменик-министерката Зеколи Шаќири бара правда за прегазениот сопруг, осудениот добил само 7 месеци казна затвор

19/11/2025  16:21

Заменик-министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, денес на прес-конференција побара правда за сообраќајната несреќа на скопската обиколница кај Радишани, во која пред три години нејзиниот сопруг, велосипедистот Арбер Шаќири, го загуби животот.

„Јас сум тука да го потсетам светот на еден човек што не може да зборува за себе, тука сум за моите деца, кога ќе прашаат кој понесе одговорност за загубата на нивниот татко. Јас сум тука за родителите на Арбр кои секојдневно живеат со неизмерлива болка. Денес сум искрена, скршена и со единствена надеж дека овој јавен апел нема да падне на глуви уши. Барам правда за Арбр, барам одговорност, барам одлука што ја вреднува човековата вредност на животот што беше неоправдано одземен“, порача Зеколи Шаќири.

Прес-конференцијата ја означи повторната борба на семејството за правдата и потенцираше дека случајот останува отворено прашање на одговорност и санкции за сторителот, како и за вреднување на животот и безбедноста на учесниците во сообраќајот.