Skip to main content
Економија

600 евра минималец за тие со средно школо – 800 за оние со факултет, бара ДУИ

19/11/2025  15:55

ДУИ бара минималната плата да се зголеми на 600 евра за тие што имаат завршено само средно школо, а да биде 800 за оние кои завршиле факултет.

ДУИ и пратеничката група на Европскиот фронт сметаат дека ова е структурна неправда и огромна економска грешка. Не може власта да очекува продуктивна економија со работници кои живеат на раб на сиромаштијата. Затоа бараме минималната плата да се усогласи со реалните трошоци на живот и за да биде на ниво со регионалниот просек.