Skip to main content
Македонија

За влез во Грција се чека по неколку часа

14/06/2026  09:58

Почетокот на летната сезона донесе големи гужви на граничните премини кон Грција, каде што утрово се бележат повеќечасовни задржувања.

Според информации од патници, на граничниот премин Богородица за излез од Македонија, како и на преминот Евзони за влез во Грција, се чека и по неколку часа. Долги колони се формирале и на граничниот премин Дојран, каде што исто така се бележат значителни задржувања.

За разлика од овие два премини, на граничниот премин Меџитлија чекањето е пократко, па дел од патниците се одлучуваат токму за оваа рута за влез во Грција.

Најголемиот дел од патниците се туристи кои заминуваат на одмор во грчките летувалишта, а засилената фреквенција на возила се очекува да продолжи и во текот на денот.

На возачите им се препорачува да планираат дополнително време за патување и да се информираат за состојбата на граничните премини пред поаѓање.