Skip to main content
Македонија

За влез во Грција се чека околу 15 минути

23/07/2026  09:41

На ГП Богородица кон Грција се бележи зголемена фреквенција на возила, но времето на чекање за излез од државата е околу 15 минути, информираат од АМСМ

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Во однос на условите на патиштата, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.