Skip to main content
Македонија

За снег ќе чекаме уште долго, Македонија под влијание на Антициклон

11/12/2025  12:38

Метео анализа на Славчо Попоски:

Наутро и во ноќните часови по котлините ќе има појава на магла  и на ниска облачност па во овие места преку ден температурите ќе останат пониски.

И во Скопје  и околината ќе имаме слично време како и во останатите предели од Македонија. Наутро и повторно во ноќните часови во делови од Скопската котлина ќе се создаваат услови за појава на магла  и на ниска облачност.

Наутро останува поладно со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до близу или за некој степен под нулата. Преку ден пак тие на повеќе места ќе се искачуваа до околу или пак ќе надминуваат 10 степени. Во југоисточните предели пак температурата ќе се искачи до околу или пак ќе надмине 15 степени.