Skip to main content
Скопје

Предупредување до скопјани: Водата од „Тасино Чешмиче“ во Центар е неисправна за пиење

28/11/2026  11:23

Водата од јавните чешми „Тасино Чешмиче“ во Скопје не е безбедна за пиење, информираше градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Според резултатите од бактериолошките анализи доставени од Центарот за јавно здравје – Скопје, водата од двете јавни чешми, левата и десната, не ги исполнува законските и стручните прописи за исправност на водата за пиење.

При лабораториските испитувања бил утврден зголемен вкупен број на колиформни бактерии.

Од Општина Центар апелираат до граѓаните да не ја користат водата од овие чешми за пиење сè до добивањето нови резултати од испитувањата.