Skip to main content
Македонија

Возач удри пешак и побегна – но и пешакот исчезна од болница!

31/01/2025  23:51

Денеска во 13:54 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Кузман Јосифоски-Питу“ патничко возило „Цитроен“ удрило во машко лице, по што возачот веднаш го напуштил местото на несреќата. Повредениот пешак бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, а полицијата веднаш започнала со потрага по сторителот.

Но, ситуацијата добива уште почуден пресврт – откако му била укажана медицинска помош, и самиот пешак си заминал од болницата без дозвола и без да го информира медицинскиот персонал, информира Телма.

Овој инцидент отвора повеќе прашања, не само за безбедноста на пешаците на скопските булевари, туку и за однесувањето по вакви несреќи. Зошто возачите се чувствуваат слободни да бегаат од местото на настанот? Но, исто така, зошто повреден пешак би избегал од болница?