Skip to main content
Хроника

Возач на трактор загинал кај Градско

26/07/2026  13:33

На 25.07.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 18:00 часот кај место викано „Србиново” во атар на с.Уланци, општина Градско, С.Л.(81) од Градско, управувајќи трактор со приколка , изгубил контрола и со тракторот излетал од патот. Од здобиените повреди, С.Л. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.