Skip to main content
Скопје

Вонредни контроли кај угостителите во Карпош

21/03/2025  11:21

Секторот Инспекторат при Општина Карпош упаќа јавен апел до сите сопственици на локали коишто вршат угостителска дејност – подготовка за послужување на храна и пијалоци и кафе барови, дека од вчера започна заедничка проширена контрола на овластените инспектори. Ваква инспекциска контрола последен пат беше спроведена во 2024 година, и од таа причина се известуваат сопствениците на локали дека се должни, на лице место имаат подготвено фотокопии од следниве документи:

1. Одобрение за вршење дејност
2. Одобрение за поставување урбана опрема
3. Елаборат за поставување на урбана опрема
4. Тековна состојба
5. Имотен лист за деловен објект
6. Елаборат за заштита на животната средина
7. Елаборат за заштита од пожари и доказ дека истиот е спроведен на лице место
8. Лична карта на одговорно лице
9. Телефонски број и лице за контакт
10. Службен e-mail