
Собранието денеска ќе ја одржи 126. седница на која на предложениот дневен ред се осум точки, а исто така премиерот и министрите два часа ќе одговараат на прашања на пратениците од опозицијата.
По усвојувањето на дневниот ред, на секоја втора пленарна седница се одржуваат опозициските пратенички прашања.

На предложениот дневн ред за 126. седница се Предлог на закон за ратификација на Третиот протокол кон Општиот договор за привилегии и имунитети на Советот на Европа, Предлог за избор на надворешен комисионер (член) на Комисијата за хартии од вредност, Предлог на Закон за Финансиска поддршка за намалување на последиците од економската криза врз земјоделското и сточарското производството и откупот на земјоделските производи во 2026 година, по скратена постапка, Барање за давање на автентично толкување на член 141 став (4) од Законот за работни односи, поднесено од пратеникот Даниела Николова, Предлог – одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, Предлог на одлука за именување на претседател и членови на Oдборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“, Дополнет предлог на закон за државната ревизија – трето читање и Предлог на одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на Република Македонија.

