
Кампањата „Очи в очи за подобро“ предвидува директни средби со граѓаните низ целата држава, преку посети на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и членовите на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ на општинските и месните комитети.
Активностите ќе се одвиваат од град во град и од населено место до населено место, со цел да се слушнат различните потреби на граѓаните и да се согледаат проблемите во нивната локална средина.
Пораката на кампањата е дека секој регион и секое населено место се важни и дека комуникацијата со граѓаните не треба да биде ограничена само на главниот град или поголемите урбани центри.
На средбите граѓаните ќе можат непосредно да разговараат со премиерот, да поставуваат прашања, да предлагаат решенија и да ги изнесат своите критики и очекувања. Предвидено е да се разговара и за реализираните проекти, проектите што се во тек, нивните рокови и трошоци, како и за проблемите што бараат дополнително внимание.
Преку ваквиот пристап, граѓаните стануваат активни учесници во разговорот, а не само слушатели на политички пораки.
Посетите се планирани како континуиран процес, со интензивни активности за време на викендите до крајот на годината. Основната порака е дека довербата и одговорноста се градат преку непосреден контакт, присуство на терен и подготвеност да се слушне секој граѓанин.

