Skip to main content
Хроника

Во рамки на оперативната акција „Чистач“ приведени три лица од Скопје за уцена и закани, барале 10.000 евра од жител на Делчево

14/10/2026  11:15

Во рамки на оперативната акција „Чистач“, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ, насилен криминал и семејно насилство, во содејство со СВР Штип – ОВР Делчево и СВР Скопје, извршија претреси на две локации и лишија од слобода три лица од Скопје, З.Б.(61), М.Б.(35) и Б.(43).

При извршените претреси бил пронајден нелегален пиштол марка „М57“, калибар 7,62 мм, за кој по извршените проверки било утврдено дека потекнува од кривично дело „тешка кражба“, извршено на подрачјето на СВР Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.