Skip to main content
Балкан

Од куќа во Загреб украдени неколку стотици илјади евра

29/11/2026  14:57

Неколку стотици илјади евра се украдени при провална кражба во семејна куќа во загрепската населба Трешњевка, објавија хрватските медиуми, повикувајќи се на полицијата.

Кражбата се случила во периодот меѓу 18 и 25 ноември, во куќа во сопственост на 63-годишен маж. Непознат сторител провалил во објектот и одзел пари, а материјалната штета е проценета на неколку стотици илјади евра. Точниот износ не е соопштен.