Skip to main content
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од Егејот каде се луксузира на јахтата на Заев координира напади и шири дезинформации за водата во Скопје

14/08/2026  09:00

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Филипче од луксузната јахта на својот ментор Заев координира напади и дава инструкции на партиските послушници од СДС да шират дезинформации на социјалните мрежи за наводно загадена вода во Скопје.

Додека СДС крие и се срами да каже дека нивниот лидер и чуварот на фотелјата на Заев на Бихачка се на заеднички одмор на јахтата на Заев на Егејот каде се луксузираат со украдените народни пари нивните партиски послушници по насока на Филипче креираат паника и хаос за водата во Скопје.

Венко Филипче од 6 ти август со својот мотор заминал преку граничниот премин Богородица по инструкции од Заев и од јахтата на Заев координира напади и ширење дезинформации за водата во Скопје.

Во недостаток на визија и идеи за државата, предавничкиот тандем Заев-Филипче единствено што можат е да шират лажни вести за водата, да нарачуваат штрајк на струмичките земјоделци и одгледувачи на пиперки додека во исто време манипулираат со ниските откупни цени преку фирмата на Заев „Мамас“.

Додека Филипче од јахтата на Заев на Егејот ужива и дава инструкции за напади и ширење дезинформации во Скопје на површина излезе целиот талог на СДС.

Филипче и СДС да не си поигруваат со здравјето и безбедноста на граѓаните, водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење.

Водата не смее да биде инструмент на безидејната СДС и очајниот Филипче да соберат политички поен плус.