Skip to main content
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Двојните аршини на СДС, ДУИ и Таравари се потврдија во случајот со нивниот кандидат Валбон Лимани

23/07/2026  09:11

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Наместо јасни одговори и преземање одговорност за скандалот со водата во Гостивар, јавноста е сведок на двојните аршини од страна на СДС, ДУИ и Таравари кога станува збор за нивниот кандидат Валбон Лимани.

Воедно, Лимани јавно изјави дека не чувствува никаква одговорност, а оние што секојдневно зборуваат за отчетност, СДС, ДУИ и Таравари остануваат неми. Наместо да побараат одговорност од својот кандидат, избираат да молчат.

Тоа е уште една потврда дека за овие политички партии принципите важат само кога треба да се напаѓаат политичките противници. Кога станува збор за нивните функционери, тогаш нема ниту критика, ниту барање за оставка, ниту преземање одговорност.

Граѓаните на Гостивар заслужуваат вистината да биде целосно расветлена и секој што има одговорност да ја понесе, без разлика на политичката припадност. Институциите и избраните функционери мора да бидат одговорни пред граѓаните, а не заштитени од партиски интереси.

Затоа, очекуваме СДС, ДУИ и Таравари јавно да кажат дали го поддржуваат ставот на Валбон Лимани дека никој не треба да сноси одговорност за скандалот со водата или, конечно, ќе застанат на страната на граѓаните и ќе побараат отчетност.

Граѓаните заслужуваат отчетност, транспарентност и ефикасно решавање на проблемите. Тоа треба да биде единствениот приоритет на сите избрани и именувани функционери.