Skip to main content
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара најстрога казна за возачот кој ја усмрти Фросина и повикува институциите да постапуваат според закон

30/01/2025  23:31

ВМРО-ДПМНЕ изразува најдлабоко сочувство за трагичната сообраќајна несреќа на булевар „Партизански одреди“, во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова.

„Бараме најостра санкција за возачот од страна на Јавното обвинителство и судот. Наместо декларативни казни, неопходни се суштински мерки што ќе делуваат превентивно за секој што ќе се осмели да управува возило без возачка дозвола, под дејство на алкохол или во намалена свесност. Казната во овој случај мора да биде најстрога, за да се испрати јасна порака дека никој не смее да си игра со законот“, се наведува во реакцијата на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека случајот ќе биде под будно око на јавноста и на партијата, апелирајќи до институциите да постапуваат исклучиво според законските прописи.

„Ги повикуваме сите граѓани да останат обединети во оваа трагична ситуација. Нашата заедничка цел треба да биде обезбедување на безбедни улици и почитување на законите. Апелираме до сите политички субјекти и јавни личности да се воздржат од користење на оваа трагедија за сопствени интереси и да се фокусираат на поддршка на семејството на починатата, како и на иницијативи што ќе придонесат за зголемување на безбедноста во сообраќајот.“

Од партијата порачуваат дека трагичната судбина на Фросина Кулакова треба да биде поттик за сериозни промени во системот со цел зголемување на безбедноста и одговорноста во општеството.