
Вчера мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи „Запад“, во рамки на преземените мерки за сузбивање на недозволената трговија со дрога, извршил контрола над 23-годишен државјанин на Унгарија.

Во 20:45 часот, во близина на автокамп „Треска“ во село Радожда, при извршениот преглед кај П.А.Л.(23) била пронајдена марихуана.
За настанот биле известени јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга и судија на претходна постапка од Основниот суд Струга.

Од страна на Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

