
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но коловозите се влажни. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат возачите да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно со возилата.
Посебна претпазливост се препорачува при движење низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од појава на одрони. Ова особено се однесува на патните делници Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

