Skip to main content
Македонија

(Видео) СДСМ: Деца однесени во Казино во Монте Карло за директорката да се коцка

09/10/2026  12:23

Прес-конференција на СДСМ , Јованче Манасков-претседател на комисија за образование и наука на СДСМ

Денеска објавуваме голем скандал во образованието кој очигледно некое време власта се обидува да го сокрие и да го заташка.

Деца од училиште однесени во казино во Монте Карло! 

За директорката и помошникот директор да се коцкаат.

Да, добро ме слушнавте. Имаме и видеа и фотографии.

Едното видео коешто ќе го објавиме е со заматени ликови, поради тоа што има малолетни деца. Но свиркачи ни го доставија и го имаме и оригиналното.

Брука! Казино образование на Јаневска и ВМРО. 

Што покажуваат информациите, сликите видеата? За време на ученичка екскурзија во Монте Карло, директорката на Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ѓорѓи Наумов” од Битола, Жанета Сервини, и помошник-директорот Љупчо Здравковски, наместо со учениците –  се коцкаат на слот машини во казино. 

Во истото време малолетните ученици, за кои тие биле одговорни, ги чекале во холот.

Наместо да се грижат за безбедноста и едукацијата на учениците и да бидат пример за младите,  раководители на училиште се коцкаат во казино. И децата ги носат во казино.

Каква едукација им дале првите луѓе на уличиштето – како се вртат слот машини?

На што ги учат децата ВМРО-ОКГ и нивните кадри? Да се коцкаат.

Ова е неморален случај и затоа бараме одговорност од прв до последен.

Ја повикуваме Јаневска итно да изврши надзор  и да поведе постапка за одговорност и разрешување на сите инволвирани.

Одговорноста во образованието не е привилегија, туку обврска.