
Градоначалникот на Аеродром Дејан Митески денеска на својот Фејсбук профил објави видео како на лице место фатил камион кој истура градежен шут во Лисиче.
„Додека граѓаните, институциите и волонтерите се обединуваат во рамки на „Генералка Викенд“ за почиста околина, денес спречив обид за нелегално истурање градежен шут на дива депонија во Ново Лисиче.
Ваквото неодговорно и несовесно однесување мора јавно да се осуди, особено во денови кога сите заедно се бориме за почиста и поздрава животна средина.
Случајот веднаш е пријавен во полиција и до комуналните служби“ стои во објавата на Митески.



