Skip to main content
Хроника

Верижен судар попладнево на „Партизанска“ (ФОТО)

10/04/2025  17:12

Тешка сообраќајна несреќа се случи пред малку повеќе од половина част попладнево на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Влае.

Засега не се познати околностите во кои се случила несреќата, а според првичните информации има повредени но засега не е познат степенот на повредите. Повикана е полициска екипа за увид.

Од Министерството за внатрешни работи, дека подоцна ќе дадат повеќе информации.

Како што може да се види од снимките кои до Нетпрес ги испратија очевидци, веројатно во инцидентот се вклучени повеќе возила.